Јанушев: Фабрикуваното обвинение за случајот „Талир“ е нов обид за притисок и замолчување на ВМРО-ДПМНЕ

На прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска говореше Игор Јанушев кој уште еднаш ја обвини власта за притисок и за уцени пред гласањето на уставните измени, а според него обвинението за случајот „Талир“ е уште еден доказ дека и СЈО работи како инструмент за закани против опозицијата.

„Фабрикуваното обвинение за случајот Талир, е уште еден обид за груб политички притисок, за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ пред уставните измени за промена на името и идентитетот. СЈО создава механизми за уцена над ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат уставните измени. Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните измени, се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја мисла која се спротивставува на сите нивни погубни политики. Промената на името и договорот не минаа на референдум, па сега се обидуваат да дојдат до некој пратеник да покажат некој вештачки легитимет. Притисокот над ВМРО-ДПМНЕ е одраз на стравот на СДСМ како пред уставните измени, така и пред претседатрелските избори. ВМРО-ДПМНЕ ниту ќе прифати промена на име, ниту било што кое ќе се покаже штетно за граѓаните. Заев, тргни ги рацете од народот, не можеш да ја спречиш волјата на народот“, порача Јанушев на денешната прес-конференција.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното