Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва на прес-конференција од штабот на партијата искажа дека се врши големо влијание врз пратениците од опозицијата со пари за да гласаат „ЗА“, и порача Јавното обвинителство да почне со истрага на ваквиот скандал.
„Денеска се случува вистинска драма. Се врши жестоки уцени, закани и притисоци на нашите пратеници. Во Македонија се апсат луѓе поради политички прогон, а денеска се тргува со нивната слобода. За возврат се бара поддршка за уставните измени. Се нудат парични награди, а доколку не се прифати, се прават случаи. Се врши влијание, се врши заплашување.
Ќе споменам неколку примери: На еден наш пратеник му се понуди еден милион евра за да гласа. На друг наш пратеник се понудени два милиони евра. На трет 250.000 евра. Сето ова е одбиено, бидејќи достоинството нема цена. Се работи за нашата татковина. Дополнотелно се активираат и други структури, а околу Собранието има полно „бричени“ глави кои се познати на подземјето.
Господине Заев, дали сте свесни како каков амбис ја водите државата? Тргнете ги рацете од волјата на народот. Никаде во Свет нема Собрание кое што чека да се обезбеди мнозинство. Ова е невиден преседан и ќе ви се врати како бумранг. Ова не е создавање на мнозинство, ова е насилство врз македонската јавност. Во Собранието е Јавното обвинителство кое што треба да превземе мерки“
Воедно сакам да им оддадам признание на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои не подлегнаа на притисоците. Вие сте последната брана, и наша заедничка обврска е да опстоиме. И ќе опстоиме и ќе победиме.“, изјави Јанушев.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/111567369747015/
Извор: ТВ21
