Јанушев: Почнуваме со ажурирање на членството и распишуваме оглас за членови на републичките комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска истакна дека партијата од 1. декември почнува да го ажурира членството, и дека ќе се распише оглас за членови и претседателите на републичките комисии на партијата.

Со состојбата во Република Македонија е загрижувачка. Имаме политичко уназадување, правен хаос, девастирана и упропастена економија, здравствен систем кој не функционира, образование кое не нуди квалитет, земјоделие со премногу проблеми.

Името, идентитетот, достоинството на македонските граѓани, зародената власт не значи ништо и нема ништо свето.

Наша обврска како партија е да се спротивставиме на ваквото назадување. Преку понуда, проекти, нудење на решенија. Постои се поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци кои ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат, и да дадат свој придонес на тој план.

Во таа насока на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година.

Се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават.

Втората одлука која се донесе на последната седница на Централниот Комитет е одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне од 01.12 и ќе трае 3 месеци.

ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе работи за народот. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила која ќе ја порази оваа неспособна власт. Затоа ги отвораме вратите за способните, мотивираните и оние кои сакаат да дадат свој придонес за рушењето на оваа власт и нормализирање и градење на оваа држава. Македонија мора да ја изградиме во нормална, напредна земја на сите граѓани“, рече Јанушев.

 

Извор: ТВ21