Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите институции да го ингорираат и бојкотираат овој штетен Закон

Претседателот на Собранието Талат Џафери, вчера вечер го потпиша и испрати на објава во Службен весник Законот за јазиците, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето  со соопштение го предупреди директорот на Службен весник Мартин Костовски, дека објавувањето на Законот за јазици е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор денеска Генералниот секретар на партијата Јанушев рече дека ќе поднесат и кривична тужба, и ги повика сите институции регионални и локални да го бојкотираат овој, според нив, неуставен и штетен закон.

„Ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е неприфатливо и срамно. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите институции да го ингорираат и бојкотираат  опериционализирањето на овој неуставен и штетен закон. Доколку интитуциите се соочат со било какви закани ВМРО-ДПМНЕ и правната комисија им стојат на располагање за правна или било каква друга помош“, изјави Јанушев.

Извор: ТВ21