Јапонија ги откажа летовите и го запре железничкиот сообраќај поради тајфунот

Јапонските железници и аеродроми ги откажуваат полетувањата и летовите бидејќи тајфунот Ампил се приближува кон земјата, кој се очекува да ја погоди Јапонија во петок.

Тајфунот Ампил се засилува во Пацификот и бележи брзина на ветер од 140 километри на час, покажуваат најновите податоци на Заедничкиот центар за предупредување за тајфуни (JTWC), пренесува Си-Ен-Ен. Се очекува дополнително да се зајакне во следните 36 часа, а додека да стигне до Јапонија, би можел да добие сила еквивалентна на ураган од трета категорија. Две големи авиокомпании, Japan Airlines и All Nippon Airways, откажаа вкупно околу 500 летови на аеродромите Ханеда и Нарита, објави јапонската јавна телевизија NHK. Шест линии на мрежата на брзи возови исто така ја прекинуваат услугата помеѓу одредени дестинации и предупредуваат за големи прекини, вклучувајќи ја и линијата Токаидо што ги поврзува Токио и Осака. Се очекува дека центарот на тајфунот нема силно да ја погоди Јапонија и само да го напасува брегот, но доколку неговата насока се промени, тоа може да донесе многу поголеми последици, предупредија метеоролозите.

Се очекува тајфунот да ослабе до сабота наутро.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното