Јапонски метод за заштеда на пари кој навистина функционира

Ако карантинот и ограниченото дружење и патување за време на претходната година не ви помогнаа да заштедите повеќе пари, можеби ќе сакате да го испробате јапонскиот метод за заштеда на Kakeibo.

Дизајниран е од првата жена новинарка во Јапонија, Хани Мотоко, уште во 1904 година, и како што тврдат многумина што го пробале, овој метод на заштеда на пари навистина функционира – дури и за оние кои сакаат да трошат и купуваат.

Според Bright Side, првиот чекор е да пишувате во тетратка – не во мобилен телефон или компјутер! Земете една тетратка во која ќе ги чувате вашите финансии и редовно запишувајте се што сте потрошиле.

Вториот, можеби најважниот чекор е да се создаде календар за месечни примања. Создадете четири колони што ги прикажуваат неделите во месецот. На почетокот на месецот, внесете го приходот што сигурно го знаете и ќе го означите јасно со една боја, а потоа секој дополнителен приход што ќе го добиете потоа запишете го во друга боја.

После тоа, нацртајте уште една табела во која ќе запишете колку пари би сакале да заштедите тој месец, а последниот чекор треба да биде табела со сите задолжителни трошоци како што се кирии, комуналии, храна, сметки за интернет и телефон …

Запишете ги сите работи што не ви се потребни, но би сакале да ги купите. Поделете ги во категории – трошоци за живот, забава, образование и култура и многу повеќе.

На крајот на секој месец, анализирајте ги трошоците и проверете дали се држите до нив.