Необичен начин да се ослободите од вишокот килограми. Пробајте ја јапонската „диета“, таа е чудо за слабеење.
Речиси и да нема жена која барем еднаш во животот не била на диета или гладува и напорно вежба за да има витко тело.
Експертите, секако, ги критикуваат ваквите режими, и истакнуваат дека единствениот вистински начин да се постигне посакуваната линија е со помош на нутритивно балансирана, здрава исхрана и редовна физичка активност.
Тие забележуваат дека тежината мора да се губи постепено и без штети по здравјето. На пример, јапонските експерти тврдат дека е доволно само да се прилагоди времето на појадок и тоа ќе поттикне слабеење.
Јапонските нутриционисти спроведоа голема студија за губење на тежината. Во експериментот учествувале повеќе од сто луѓе од различни возрасни групи. Сите поминаа дванаесетнеделен курс за слабеење. Испитаниците го намалиле внесот на калории за само 100 единици, а исто така ја зголемиле физичката активност со продолжување на одењето за 1.000 чекори.
До крајот на експериментот, експертите открија неверојатна шема. Се покажало дека учесниците во програмата кои почнале да јадат рано наутро имале подобри резултати кога станува збор за согорувањето на мастите. Дел од групата појадувале од 6.20 до 7.10 часот, а другите од 8.10 до 9.15 часот.
Оние кои јаделе порано, покажале дека за време на експериментот изгубиле 3,8 отсто од тежината, додека оние кои појадувале подоцна стопиле само 2,2 отсто од тежината.
Научниците објаснија дека луѓето кои појадуваат рано во првата половина од денот се поактивни и согоруваат повеќе калории. Храната подобро ја апсорбираат таквите луѓе, што исто така придонесува за загуба.
