Јавното обвинителство прислушкувано со години, Владата ја охрабри истрагата, Мицкоски ја обвини власта

Јавното обвинителство на средбата со новинарите излезе со веста дека цел на прислушувањата биле и јавните обвинители со години. Главниот обвинител, Љубомир Јовески, рече дека се истражува временскиот период кога се вршело прислушувањето. Се уште не се знае дали прислушувањата се вршени од внатрешни лица на обвинителството или од надворешни.

„Од септември 2016 година биле снимани сите влезни и излезни повици на фиксната телефонска мрежа на Јавното обвинителство, брифираа денеска од обвинителството. ОЈО сега ќе истражува дали снимените материјали биле изнесувани од институцијата или на кој било начин злоупотребени. Сите снимени телефонски разговори на обвинителството биле сместени на два хард диска кои се наоѓале во просторијата каде што е телефонската централа. Централата била набавена откако е пуштена во употреба новата зграда на ОЈО. Од обвинителството ќе проверуваат дали разговорите биле снимани и пред 2016 година, со оглед на тоа што ОЈО е преселено во новите простории во центарот на Скопје од 2013 година. Според информациите од ОЈО, снимањето на разговорите започнале на 30 септември 2016 година. Во предистражната постапка која ја води ЈО Скопје ќе се истражува дали биле снимани и разговорите на Обвинителството за организирал криминал и корупција“, велат од ЈО.

Се вчитува...

Веднаш следеше реакција од Владата. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека Владата на Македонија остро го осудува скандалот со прислушувањето на Јавното обвинителство.

Прислушувањето го нарече скандалозно и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Тој го обвини министерот на МВР, Оливер Спасовски, претендирајќи дека прислушувањето се лучува и за време на неговиот мандат.

Владиниот портпарол не сакаше да каже од кога е вклучено МВР во предистражната постапка на Обвинителството. Инаку, минатата влада прислушување многу функционери и фигури од јавниот живот. Овие прислушувања излегоа во јавноста од тогашниот лидер на опозициската СДСМ, а сега премиер на Македонија, Зоран Заев. Таканаречените Бомби станаа база за започнување на истрага од страна на Специјалното обвинителство.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21