Јелена Карлеуша се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“

Мега популарната пејачка Јелена Карлеуша се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“.

Таа на своите социјални мрежи објави дека одлучила дека е време, пред својот нов албум, да се повлече од ова музично натпреварување.

„Одлучив дека е време да, пред новиот албум, се повлечам од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ и во склад со тоа, на своја иницијатива уште на 28 јуни оваа година ја известив продукцијата на град и го раскинав постоечкиот договор. Оваа одлука ја донесов најпрво за да максимално се посветам на излегувањето и промоцијата на новиот албум кој доаѓа. Од тогаш до денеска имаше обидувања за да најдеме начин и услови да продолжам со снимањето, меѓутоа не успеавме да се договориме. Кој е новите членови, и како натпреварувањето ќе изгледа натаму, не е прашање за мене. Им посакувам многу среќа“, напиша Карлеуша.