Пејачката Јелена Розга не сака премногу да зборува за својот приватен живот, но сега го допре своето детство, како и нејзиниот емотивен статус.
Розгра тврди дека ги трошела своите емоции на погрешни лица, но дека научила нешто ново од секое искуство.
„Прекрасно е кога имаш некој да споделиш се со него, среќа, тага, успех и неуспех, но мислам дека тоа не е единствената мерка за среќа, затоа што среќата доаѓа одвнатре и ако си остварени и исполнети, некој само ќе ја дополни таа среќа, а нема да ја направи“, рече Јелена, и откри каков тип е нејзиниот идеален дечко.
„Важно е тој да е смешен затоа што сакам да се смеам, да има доверба и да имаме систем на вредности“, рече хрватската пејачка.
Јелена истакнува дека со љубов се сеќава на своето детство, па откри детали од тој период.
„Моето детство беше убаво и безгрижно, но со балетот имаше доза на дисциплина што мораше да се почитува, така што уште од рана возраст знаев дека треба да ги исполнам обврските. Тоа ме научи на многу вредности што продолжив да ги негувам подоцна во животот “, завршува пејачката.
