Јоанидис: Ако учесниците во 27 април се амнестираат за тероризам, тогаш зошто да не се амнестира и Кумановската група (ВИДЕО)

Адвокатот Јован Јоанидис за ТВ21 изјави дека не е против амнестија, но е против селективна амнестија. Тој потенцира дека ова повеќе наликува на политички пазар со кој како што вели се руши владеењето на правото и работата на судовите и обвинителството.

Како што вели тој, доколку е донесен закон за амнестија со кој се амнестираат лица кои се обвинети за тероризам, алудирајќи на учесниците во настаните од 27 април, тогаш зошто да не се амнестираат и членовите на Кумановската група, кои исто така се осудени за тероризам, прашува адвокатот Јоанидис.

Се вчитува...

Воедно тој ги критикуваше измените на Кривичниот законик. Како што вели, овој закон е менуван неколку пати и сега според него воопшто не може да се разбере што точно сака законодавецот да постигне со овој закон.

Разговорот со Јоанидис на следното видео:

Извор: ТВ21