Јована Јеремиќ одговори на прашањата од лексиконот на Објектив, a најинтересните одговори ви ги пренесуваме во целост:
Што немаш, а би сакала да имаш?
-Би сакала да имам голем гардеробер како некои наши познати личности, како Јелена Карлеуша или Сека Алексиќ.
Кога би постоел времеплов, во кое време би се вратила?
-Во време на Клеопатра, бидејќи сме доста слични: силни сме, интелегентни, неодоливи и сензуални жени, а и заедничка работа ни е што и двете обожаваме смарагди.
Да имаш волшебно стапче, што би направила?
-Би направила луѓето да живеат среќно, а не во светот на лажен морал.
Како мала, што си сакала да бидеш кога ќе пораснеш?
-Отсекогаш сум сакала да се занимавам со јавна работа, се ова што сум денеска. Сакав да завршам факултет и да бидам адвокат, а кога бев баш мала, сакав да бидам пејачка. Често пеев на една цистерна за вода со величина на еден квадратен метар. Замислував дека тоа е мој телевизот бидејќи од цистерната се гледаше само мојата глава.
