Јована Јоксимовиќ искрена: На ќерката на Жељко не можам да и бидам мајка, но можам пријателка

Водителката Јована Јоксимовиќ е во брак со популарниот пејач Жељко Јоксимовиќ речиси 10 години, а двојката има три деца – синот Коста и ќерките Ана и Срна.

Исто така, Жељко од друг брак има уште една ќерка, Мина. Она што можеме да го видиме на социјалните мрежи, како и за време на ретките заеднички појавувања, е дека семејството Јоксимовиќ функционира совршено.

Во емисијата „Од профилот“, Јована искрено проговори за врската со ќерката на Žеjко, која сега живее со нив:

„Не можам да бидам другарка на Мина, не можам да бидам ни нејзина мајка. Можам да бидам нејзин пријател и некој кој, што и да и треба во животот, секогаш ќе биде таму. Луѓето страшно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители – прекрасна мајка и прекрасен татко. Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Исто како што ја има таа топлина во куќата на нејзината мајка, ја има и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но таа не е тука“ – рече Јована во споменатата емисија.