Јули беше најтоплиот месец откако се мери температурата на Земјата

Американската национална администрација за океани и атмосфера вчера истакна дека минатиот месец просечната температура на копно и на површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година.

Според експертите, тоа е дел од влошувањето на трендот поврзан со климатските промени.

Директорот на одделот Рик Спинрад истакна дека месец јули генерално е најтоплиот месец во годината, но јули 2021 се надминал себеси и станал најтоплиот месец што некогаш бил регистриран.

Температурниот рекорд во јули е 0,02 степени над претходниот, измерен во 2016 година и повторен во 2019 година и 2020, а оваа статистика се води веќе 142 години.