Минатиот месец беше најтоплиот јуни на глобално ниво досега, соопшти канцеларијата за климатски промени на Европската унија.
Невообичаено високи температури се забележани и на копно и на море. Просечната температура беше половина степен повисока од просечната температура за истиот месец од 1991 до 2020 година.
И Платформата за климатска анализа на Универзитетот во Мејн откри дека изминатите седум дена биле најтоплата недела на Земјата откако биле направени набљудувања.