Јутјуб нуди поширока употреба на „слика во слика“

Платформата Јутјуб има намера да го исполни своето ветување и на сите корисници на ИОС да им понуди режим „слика во слика“.

Порталот „Теккранч“ истакнува дека корисниците на „Ајфон“ и „Ајпад“ во САД први ќе имаат можност да го искусат тоа.

Со овој режим луѓето ќе можат да гледаат видеа во „лебдечки“ прозорец додека „ги прелистуваат“ социјалните мрежи или друга интернет-површина.

Премиум-тестот завршува на 31 октомври, и потоа апликацијата треба повторно да се инсталира, а засега не се знае кога овој режим ќе биде достапен без Премиум-сметка.