Јужна Кореја е во преговори со НАТО за размена на информации, комбинирани вежби и заедничко истражување за да се спротивстави на новите безбедносни закани, наведува Ројтерс.
Обраќајќи се на печатот за планираното присуство на претседателот Јун Сук-џеол на самитот на Атлантската алијанса овој месец во Мадрид, советникот за национална безбедност Ким Сунг-хан рече дека Сеул ќе се обиде да ги зајакне односите со членките на НАТО во услови на „непредвидливо“ меѓународна ситуација.
Јужнокорејските власти најавија планови за формирање постојана делегација во НАТО во Брисел, во време кога Сеул е посветен на зајакнување на партнерството со алијансата и преземање поголема улога на глобалната сцена, пренесува Ројтерс.