Свет

Јужна Кореја објави дека Северна Кореја лансирала ракета во морето

Јужна Кореја објави дека Северна Кореја лансирала ракета во морето

Во соопштението на јужнокорејската армија се наведува дека се уште не е познато дали лансираната ракета била балистичка и до каде била лансирана.

Јапонското Министерство за одбрана исто така соопшти дека Северна Кореја можеби истрелала балистичка ракета.

Јужнокорејските воени претставници изјавија дека внимателно ги следеле чекорите на Северна Кореја, која исто така извршила „неуспешен“ тест на балистичка ракета на 16 март.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни