Македонија

Каде во Македонија има најмногу снег?

Каде во Македонија има најмногу снег?

На Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Маврово 10, а осум во Лазарополе, соопшти УХМР.

Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 19 читри на метар квадратен, во Маврово 15 и во Охрид девет литри.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 30 л/м2). На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни