Владата ниту денеска не ги достави до Собрание предлогот за заменик министрите.
Од Кабинетот на Претседателот на Собранието, за ТВ21 велат дека чекале до крајот на работното време, но не биле доставени предлозите од страна на Влада.
Ова го докажува и утрешната агенда на Претседателот на парламентот, кој има само 2 средби, но нема најава за седница.
Премиерот Заев вчера најави дека денеска ќе ги соопшти имињата откако ќе се договорат со партнерите и откако ќе заврши со разговорот со потенцијалните кандидати.
Дека Заев и денеска ги нема конечните имиња на заменик министрите, потврди и вицепремиерот, Љупчо Николовски.
ДУИ за ТВ21 ги потврди имињата на предложените заменик министри.
Заменик министер за МВР – Назим Буши.
Заменик министер за здравство – Илир Хасани
Заменик министер за правда – Агим Нухиу
Заменик министер за Транспорт и врски – Беким Реџепи
Заменик министер за одбрана – Башким Хасани
На Беса ќе и припаѓаат 2 функции на заменик министри. Арафат Шабани од Беса ќе биде Заменик министер за образование, а Седат Сулејмани, Заменик министер за култура.
Официјално е дека ДПА ја назначи Фатмире Исаку за Заменик министер за надворешни работи.
.
