Македонија

Кај обвинетиот Џеваир Камбери во затвор пронајдени 13 мобилни и лаптоп – се правдаше дека „ги нашол таму“

Кај обвинетиот Џеваир Камбери во затвор пронајдени 13 мобилни и лаптоп – се правдаше дека „ги нашол таму“
Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Со 15-минутно доцнење и тензична атмосфера започна денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“. Уште пред да се отвори главната расправа, судијката Дијана Груевска Илиевска го соочи обвинетиот Џеваир Камбери со сериозен прекршок направен додека е во притвор.

Според информациите соопштени во судницата, при претрес во ќелијата на Камбери во истражниот затвор „Скопје“, биле пронајдени дури 13 мобилни телефони и еден лап-топ.

На прашањето на судијката за пронајдените уреди, Камбери даде бизарно оправдување: „Јас ги најдов таму уште кога влегов“, рече обвинетиот.

Судијката не го прифати ова објаснување, остро возвраќајќи: „13 мобилни телефони ги најдовте вие? Ве молам, знаете што следува понатаму – самица и други мерки.“

Кој е Џеваир Камбери? Камбери е обвинет како службено лице – Советник во Министерството за економија. Според обвинението, тој е еден од клучните луѓе во синџирот за издавање на спорните лиценци за „Пулс“. Тој се товари дека примал поткуп и фалсификувал службени исправи, наводно земајќи 226.000 денари за да издаде фалсификувана лиценца за кабаре без запазена процедура.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни