Кајли Џенер е бремена, и очекува уште едно дете со раперот Тревис Скот, тврдат странските медиуми.
Кајли (24) веќе ја има ќерката Сторми (3), а неодамна беше прогласена и за една од најбогатите жени.
Мултимилионерката веќе некое време вели дека има желба да го прошири семејството: „Едвај чекам да имам уште едно бебе. Дефинитивно ќе имам четири деца, но немам временско ограничување“.
За време на видео пренес во живо овој април, бројот на посакувани деца се зголеми на седум.
„Бременоста не е шега. Тоа е сериозна работа и е многу тешко. Се уште не сум подготвена за друго дете“, вели таа.
Многумина беа изненадени од нејзината желба да има дете со своето момче Тревис Скот, со кого често раскинуваше.
„Тој е мојот најдобар пријател. Се координиравме околу Сторми цело ова време“, порача таа.
