Кајли Џенер со својот костум за капење ги разбесни луѓето – „Кој може ова да го носи?“

Новата линија костими за капење потпишана од Кајли Џенер разочара многумина. И тоа најблаго кажано.

Откако најмладиот член на кланот Кардашијан-Џенер претстави колекција костими за капење, негативните критики ги преплавија социјалните мрежи.

Луѓето тврдат дека костимите за капење се со исклучително слаб квалитет.

„Кајли и целата нејзина компанија се циркус. Костимите за капење се целосно прозирни“, „Јас сум целосно разочарана од овој материјал. Мене ми е целосно нејасно дека никој во процесот на создавање на оваа облека не забележал дека ова е целосно прозирно“. се само дел од коментарите на Тик Ток и Инстаграм.

Многу жени, исто така, објавија снимки од костими за капење за кои тврдат дека се направени само за одреден тип на тело кое всушност го имаат многу мал број жени.

@tinytello

Part 1 Kylie Swim #ChimeHasYourBack #CandyCrushAllStars #popculture #latinxbusiness #latinxcreated #hellofall #todayilearned

♬ Lofi – Domknowz

„Кајли го дизајнираше ова за нејзиното тело, а не за телото на просечната жена. Нема шанси ниту една жена што ја знам да го носи ова“, „Кажи ми која со природно, неоперативно тело може да го носи ова?“, се само дел од жалбите.

@tinytello

Part 2 Kylie Swim review #ChimeHasYourBack #CandyCrushAllStars #latinxbusiness #popculture #latinxcreated #tiktokfashionmonth

♬ Lofi – Domknowz

„За мене, се се сведува на недостатокот на интегритет на Кајли како претприемач. Кога ќе ставите нешто на пазарот, тогаш претпоставувам дека сакате луѓето што ги трошат своите тешко заработени пари за да добијат добар, квалитетен производ. Факт е дека тие го пуштија ова на пазарот е загрижувачки“, се пожали корисник.

Многумина, исто така, направија споредба со производите на Ким, постарата сестра на Кајли.

„Кажете што сакате за Ким, но таа барем се грижи нејзините клиенти да добијат квалитетен производ“, заклучија тие.

Инаку, цените на повеќето костими за капење со потпис на Кајли Џенер се околу 80 долари.