Кајли Џенер има 24 години и веќе е една од најбогатите жени во светот според познатиот Форбс, но тоа повеќе не е вест. Сега веста е дека Кајли е бремена по втор пат.
Пред три години, таа ја роди ќерката Сторми во строга тајност од врската со раперот Тревис Скот. Сега таа е бремена повторно со истиот партнер.
Интересно е што Кајли раскина со Тревис пред речиси една година, но сега одлучи да роди уште едно дете.
Странските медиуми коментираат дека Кајли, како богата жена, има една цел: да го прошири семејството, но со ист партнер.
Според нив, бракот не е нејзин приоритет и таа никогаш нема да се омажи, бидејќи нејзиниот потенцијален партнер никогаш нема да може да биде на исто ниво со нејзиното богатство.
Еве како изгледа:
