Како да отстраните дамки од трева на облеката? – Потребна ви е само една состојка од кујната

Убавото време е идеално за престој во природа. Сепак, тревата многу лесно остава дамки што е многу тешко да се отстранат.

За успешно да ги отстраните дамките од овој тип, треба да бидете брзи, бидејќи ако ја оставите обоената гардероба да стои неколку дена, тревата ќе биде многу потешко да се отстрани, а постои можност и да ја извалка вашата облека засекогаш.

Натопете го обоениот дел во ладна вода да стои.

Погрешно е да се третира дамката со топла вода, бидејќи тоа само го отежнува решавањето на проблемот.

Откако извалканата облека е во вода некое време, со четка за заби тријте мешавина од алкохолен оцет и вода на дамката и оставете да делува околу 15 минути.

Не ја планкете оваа смеса, туку само исперете ја таквата натопена облека во машината.

Дамките од трева, исто така, можат да исчезнат ако истриете белка од јајце на дамката и оставите да отстои, потоа исплакнете и ставете ги алиштата во машината за перење.