AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Како да ви останат суви обувките и по дожд иако не се водоотпорни? Потребни се само две состојки

Во овие дождливи денови, веројатно сите посакуваат да имаат обувки кои не пропуштаат вода за да не се соочат со непријатно чувство на одење по дожд.

Но, понекогаш се случува дождот да не изненади во текот на денот, па да немаме соодветни обувки во моментот.

На „Јутјуб“ е објавена видео снимка со трик кој наводно помага за обувките да останат суви. Потребни се две состојки:

  • пчеличен восок
  • фен

Ако немате пчеличен восок, може да се послужите и со свеќа, но да не биде бела.

Процесот е едноставен: го земате восокот или свеќата и ќе поминете низ обувките. Кога ќе завршите со тоа, земете фен и растопете го воското.

Кога сте сигурни дека се се стопило, оставете ги обувките да се исушат. Кога се ќе биде готово, обувките се подготвени за носење.