Кон крајот на оваа година ќе се навршат точно 100 години од формирањето на Кралството СХС, односно почетокот на Југославија.
Џозеф Писнети направил интересна анализа на Јутјуб за тоа како би изгледала обединета и обновена Југославија.

Според анализата, новата Југославија има помалку жители отколку во 1991 година, а бруто националниот производ би изнесувал 191.045.000.000 милијарди долари, што би ја позиционирало Југославија на 53-то место на светот.
Југословенската војска би броела 230.000 припадници, а петте најголеми градови би биле Белград, Загреб, Сараево, Љубљана и Скопје.
Убави времиња. Постарата генерација се сеќава на нешто убаво, нешто што никогаш нема да се заборави.
Време, кога на луѓето им требаше многу малку за да бидат среќни, да бидат задоволни и исполнети. Време кога постоеше средна класа. Време кога речиси сите беа исти.
Летувања кои никогаш не се забораваат. Слики скриени во една фијока од регалот, кои стојат и денеска. Се разгледуваат од време на време. Постарите знаат да опишат убаво, но помладите никогаш вистински не можат да го почувствуваат тоа.









