Светот ќе ја запамети 2023-та како година во која централните банки отворија голем фронт за борба против рекордната инфлација, која главно се водеше преку зголемување на референтите каматни стапки, што резултира со раст на каматите на кредитите за корпоративниот сектор и населението и крај на ерата на „евтини пари“.
Во последните месеци од годината Банката на федерални резерви на САД (Фед), Европската централна банка (ЕЦБ), Народната банка на Македонија и централните банки во регионот конечно решија да паузираат во заострувањето на монетарната политика откако инфлацијата почна значително да опаѓа.
Сепак, битката не е завршена и поради тоа анализиравме што се очекува од централните банки во 2024 година и како ќе се движат каматите на пазарот.
