И покрај забраната на УЕФА за движење на навивачите, околу 120 навивачи на Динамо Загреб се појавија доцна во понеделникот во близина на стадионот на АЕК, каде што беа собрани нивните навивачи. Дошло до жестока тепачка во која животот го загуби 29-годишен навивач на АЕК.
Во петок пред тројца грчки истражители почнува сослушувањето на обвинетите во случајот со навивачки нереди. Сослушувањата треба да се водат во групи од 10 до 12 лица со секој истражувач.
Грчкото Јавно обвинителство вчера поднесе кривична пријава против 104 лица, од кои повеќето се хрватски државјани, кои ги товарат за четири кривични дела и седум прекршоци при крвавата пресметка во Неа Филаделфија.
Кривичните дела со кои се соочуваат обвинетите се убиство со умисла, учество во злосторничка организација, експлозија и поседување распрскувачки материи. Делата за кои се товарат се нарушување на мирот, сторена и обид за опасна телесна повреда, оштетување на туѓ имот, поткуп, недозволено носење оружје, употреба на оружје и поседување ракети.
„Ќе тврдат дека не користеле ножеви и дека тепачката била договорена“
Грчки Стар ја открива и одбраната со која ќе се бранат уапсените хрватски навивачи пред обвинителите.
“Тие ќе тврдат дека не користеле ножеви. Сепак, не можат да негираат вмешаност во тепачките бидејќи има видео доказ. Затоа и ќе тврдат дека средбата со навивачите на АЕК била договорена. Ќе кажат дека е договорена над интернетот, а тоа го потврдува и полицијата.„АЕК жестоко ги демантира ваквите наводи“, пишува Стар.