Свет

Како се случи трагедијата во Сеул каде загинаа повеќе од 149 луѓе?

Како се случи трагедијата во Сеул каде загинаа повеќе од 149 луѓе?

Прославата на Ноќта на вештерките се претвори во огромна трагедија. Над 100.000 млади луѓе се забавуваа во најпопуларниот кварт за ноќен живот. Паника меѓу нив предизвика судири во кои загинаа најмалку 149 луѓе, а исто толку беа повредени.

Трагедијата се случила откако толпата влегла во тесна улица и според еден од преживеаните, луѓето паднале еден врз друг како домино. Областа е исклучително жива и посетена. Снимката која ја гледате е направена претходната вечер од Нона Кадиева, која е студентка во Сеул.

„Поради брзањето, бидејќи сите ве туркаат, бидејќи немате каде да одите. Во исто време, сите сакаат да се забавуваат, немате простор. Тешко е да се дише. Затоа многу луѓе, за жал, загинаа“, изјави таа за bTV.

Таа додаде дека има извештаи за најмалку 300 хоспитализирани по инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни