Како се вика ова овошје? Го има во Македонија, а килограм во странство е 30 евра

Речиси сите го јадевме ова овошје кога бевме мали, а еден корисник на Твитер објави фотографија и праша колку луѓе го јаделе ова слатко овошје и дали воопшто знаат кој е тоа.

Ретки се оние кои не знаеле да го препознаат ова овошје.

Некои дури изјавија дека ова овошје во странство чини од 20 до 30 евра за килограм.

Црница или дудинка е малку заборавено, но вкусно овошје, кое расте поединечно засадено или диво. Во нашиот регион среќаваме црни, црвени и бели сорти. Во светот ги има околу стотина, а ова овошје е многу лековито.