Предвремените парламентарни избори годинава ќе се одржат во не вообичаена состојба во Северна Македонија, поради корона вирусот. Граѓаните или гласачите тој ден се обврзани да носат маски или заштитни средства за носот и устата.
Граѓаните за да го реализираат правото на глас треба да чекаат ред, на дистанца.
Со влегување во просторот каде се гласа, задолжително треба да се дезинфицираат рацете.
Потоа следува процесот на идентификација.
Во моментот за да ве идентификуваат, неколку секунди треба да ја тргате маската.
Потоа следи редовната процедура за гласање.
Вака треба да изгледа гласањето на 15 јули. Откако сте гласале, на крајот повторно ги дезинфицирате рацете.
ДИК денеска го прими здравствениот протокол за спроведување на парламентарните избори. Адмир Шабани од оваа комисија, за ТВ21 вели дека сите ставки кои ги содржи овој документ можат да се реализираат, но ги разгледуваат просториите или гласачките места, дали ги исполнуваат условите за избори во пандемијата каде е задолжителна дистанцата. Неколку гласачки места можеби ќе се сменат во овие избори.
„Моментално ДИК е на терен, членовите на комисијата се на терен веќе неколку дена за ова, со цел од блиску да видиме дали овие објекти ги исполнуваат минималните услови и да утврдиме дали просторот ќе дозволи фреквенција на гласачите и редовна работа, мислам на почитувањето на мерките. Моментално тоа го прават членовите на ДИК во соработка со вработените на ДИК во регионалните канцеларии и претседателите на општинските комисии.“, рече Адмир Шабани од ДИК.
Инаку на гласачките места ќе има постери и прирачник како треба да се однесуваат гласачите. Здравствениот протокол, за спроведување на предвремените парламентарни избори на 15 јули, ги опфаќа сите фази на изборниот процес.
.