Веројатно се сеќавате колку во 2019 година медиумите ги поврзуваа Лејди Гага и Бредли Купер.
Сите се прашуваа како е неговата тогашна девојка Ирина Шајк, но без врева и помпа, тие двајца раскинаа набргу по озборувањата што го разбрануваа светот.
Сепак, тие се уште, како и тогаш, се грижат за заедничкото дете Леа де Сена заедно.
Во новото интервју за списанието HIGHStyle, Ирина откри каква врска има Бредли со четиригодишната Леа.
„Сам ја одведе Леа на двонеделен одмор. Никогаш не морав да им се јавувам. Тој е многу посветен и снаодлив татко, и не му треба дадилка“ – започна убавата Русинка.
Таа додава дека со Бредли се строги како нивните родители.
„Ние ја едуцираме постојано. Штом ќе заврши со јадењето, Леа станува, зема чинија и вели благодарам. Таа не добива ништо без молам и благодарам. Има многу играчки. Имав една кукла како дете, и се уште ја имам“ додава Шајк.
Ирина додаде дека често го наведува ова како пример за своето дете, како и дека јадела слатки само за Божиќ.
Уште во март, таа и откри за Elle дека Бредли и таа се рамноправни родители.
„Не го разбирам поимот поделено родителство. Кога сум со неа, јас сум 100% мајка, а Бредли е 100% татко кога е со неа“, вели Шајк.
ФОТО: Profimedia
