Македонија

Какво време ќе имаме за Нова година и први јануари?

Значително потопло и температури над просеокот за овој период од годината не очекуваат последната недела од 2021 година и почетокот на новата 2022 година.

Времето денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринските температури се движеа од 2 до 8 степени, а дневните од 7 до 12 степени, во Битола до 11.

Времето утре умерено до значително облачно, кон крајот на денот во југозападните делови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во следните неколку денови времето ќе се задржи претежно облачно, додека особено во среда ќе има услови за повремен локален дожд со послаб нтензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурите ќе бидат натпросечно високи и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени, и истите ќе условат топење на снежната покривка на планинските места. Повеќе сончеви периоди ќе има од четврток.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни