Свет

Калуѓерки од Калифорнија краделе пари од школарини и донации за коцкање во Лас Вегас

Калуѓерки од Калифорнија краделе пари од школарини и донации за коцкање во Лас Вегас

Калуѓерки кои работеа во католичко училиште во Калифорнија признале дека проневериле околу 500.000 долари за да се коцкаат во Лас Вегас.

Сестрите Мери Крупер и Лана Чанг краделе пари од донации и од платена школарина. Мери била директорка 29 години, додека Лана 20 години била наставничка во училиштето. Се верува дека кражбите траеле повеќе од 10 години, пренесува српската „Политика“.

Двете неодамна се пензионирале.

Училиштето соопшти дека калуѓерките изразиле длабоко жалење за стореното и дека нема да поднесат обвиненија против нив, но ќе ја известат полицијата за слученото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни