Бизнисменот Орце Камчев и неговиот соработник Цветан Панделески, двајцата обвинети во случајот „Империја“ на кои им беше одреден притвор во затворот во Шутка, одат во домашен притвор со одлука на Апелациониот суд.
Тие се очекува денеска или утре да бидат пуштени од истражниот затвор.
За останатите обвинети во случајот „Империја“ и натаму нема одлука од Апелациониот суд по предлогот на СЈО.
Се очекува и за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, СЈО да предложи до Апелација поблага мерка, односно куќен притвор, и за неа ќе одлучува кривичниот суд.
Камчев и Панделески беа во притвор од 10 ноември за случајот „Империја“. Меѓу нив мерка притвор им беше изречена и на Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска.
