Свет

Камерон за ризик од посета на Титаник: Тоа е едно од најопасните места на Земјата

Камерон за ризик од посета на Титаник: Тоа е едно од најопасните места на Земјата

Џејмс Камерон предупреди на опасноста од посетата на потонатиот брод Титаник.

Режисерот на филмот „Титаник“ изјави дека тоа е едно од најопасните места на планетата. Тоа го кажа уште во 2012 година, а откако се спушти на дното на океанот 33 пати додека работеше на легендарниот филм.

Одите на едно од најопасните места на Земјата“, изјави познатиот оскаровец. „Не е како да можете да повикате помош на патот за да ви помогне“, додаде тој.

Овие коментари на Камерон повторно станаа актуелни бидејќи очите на светот се насочени кон потрагата по петте членови на екипажот на подморницата Титан, која исчезна на пат кон потонатиот брод.

Сепак, настрана од големиот ризик од одењето до дното на океанот, Камерон вели дека гледањето „она што никој досега не го видел“ за него било подобро чувство од сите црвени теписи и слава што му ги донел филмот.

Камерон, кој напиша книга за истражувањето на Титаник, го посети потонатиот брод повеќе од 30 пати. Тоа го направи за прв пат во 1995 година, со помош на руска подморница. Оскаровецот се уште не се изјаснил по исчезнувањето на подморницата Титан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни