Камила Кабело е новата „Пепелашка“

Моментално една од најпознатите поп пејачи Камила Кабело ја глуми главната улога во новиот игран филм „Пепелашка“.

Покрај неа, во другите улоги се појавуваат Николас Галицин како принцот Роберт, Пирс Броснан, Мини Драјвер, Били Портер, Џејмс Корден (кој е и продуцент), додека пак режисерската палка му припадна на Кеј Кенон.

Прикажувањето на мјузиклот на стрим-платформата „Амазон прајм“ е закажано за денес – 3 септември.