Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Камион влета во ресторан во Америка: Најмалку 30 повредени

Камион влета во ресторан во Америка: Најмалку 30 повредени

Најмалку 30 лица се повредени кога камион влетал во ресторан во предградието на Феникс, соопштија локалните власти.

Полицијата во американската сојузна држава Аризона истакна дека возачот Томас Едвард Кејн (73) бил уапсен откако влегол во камионот, со намера да се оддалечи од ресторанот, но случајно влетал во зградата, пренесе АП. Полицијата додаде дека алкохолот бил фактор за несреќата, но не е откриено со какви обвиненија се соочува Кејн. Затворските документи покажуваат дека Кејн бил во притвор, но засега не се познати повеќе детали, ниту кој го застапува во случајот. На социјалните мрежи кружи видео од моментот кога Кејн влетал во ресторанот. Полицијата соопшти дека од повредените 10 завршиле во болница, но дека не се во тешка состојба, освен едно лице, но дека имаат длабоки исекотини или скршеници.

Петнаесет лица добиле помош на лице место, а уште пет лица со сопствени возила се упатиле кон болницата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни