Breaking Бендот „Тотсакан“ загуби 3 члена во пожарот во клубот во Бангкок
Свет

Канада воведува дополнителни санкции против руските олигарси

Канада воведува дополнителни санкции против руските олигарси

Канада воведува дополнителни санкции против руските олигарси и забранува увоз и извоз на целни луксузни стоки од Русија, што е одговор на Отава на руската инвазија врз Украина.

Според официјалното соопштение, дополнителните санкции ќе ја ограничат работата на 14 лица, меѓу кои и руски олигарси, членови на нивните семејства и блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин.

Забраната за увоз ќе биде насочена кон руски стоки, кои вклучуваат алкохолни пијалаци, морски плодови и дијаманти. Забраната за извоз се однесува на луксузни стоки како обувки, облека и накит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни