Бизнис Свет

Канада заплени повеќе од 400 милиони долари руски средства и трансакции

Канада заплени повеќе од 400 милиони долари руски средства и трансакции

Канадската полиција соопшти дека запленила повеќе од 400 милиони канадски долари (314,81 американски долари) во руски средства и трансакции во кои се вклучени луѓе санкционирани како резултат на војната на Москва против Украина, објави Ројтерс.

Во соопштението, Кралската канадска коњичка полиција соопшти дека помеѓу 24 февруари и 7 јуни, руските средства во вредност од 123 милиони долари биле ефективно замрзнати во Канада, а други 289 милиони долари во трансакции биле блокирани. Таа не соопшти детали.

По руската инвазија на Украина на 24 февруари, Канада воведе санкции за повеќе од 1.000 физички и правни лица во Русија, Украина и Белорусија. Во април, Отава рече дека ќе го измени својот закон за санкции за да дозволи конфискуваните и санкционираните странски средства да се прераспределат како компензација на жртвите или да помогнат во обновата на странска држава по војната.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни