Поранешната министерка за култура, а во моментов пратеник во Собранието на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска тврди дека не била уценувана за да гласа за уставните измени, ниту ќе дозволи да биде уценувана. Како што вели, за уставните измени гласала по сопствено убедувања. Таа се појави на денешното рочиште за случајот на СЈО под кодно име „Тендери“. Како што е позната таа е исклучена од ВМРО-ДПМНЕ и сега е дел од Независната група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа за уставните измени и Договорот од Преспа.
-Едно е уставните измени и моето гласање во таа насока и ставањето на државните интереси пред се. Стојам цврсто, јасно и гордо зад таа моја одлука. Во ниту еден случај не сум уценета, или некого сум уценила по однос на овој предмет. Гласањето на кривичниот законик нема врска со самиот предмет и со овој судски процес. Како и досега, знаете дека кога бев министер за култура јавно излегов на прес конференција, со целокупниот материјал, со сите докази, со сите дејствија, кои што како министерство за култура сме ги реализирале. Ќе се трудам како и до сега така и во иднина преку оваа доказна постапка да ја информирам јавноста дека се запазени сите закони и процедури во нашата држава – рече Канческа-Милевска.
