Кање Вест има нова колекција на облека

Еден од најпопуларните рапери Кање Вест на својата интернет страница објави колекција на облека по повод објавувањето на албумот „Donda“.

Инаку, со натпис на одредени парчиња облека, тој ја објави и својата следна кандидатура за претседател на САД.

Се работи за нова колекција дизајнирана од модната куќа „Баленсијага“. Колекцијата содржи маичка на која пишува „2024 година“, маица со фотографија од куќата на Донда Вест (мајката на Кање), качулка и капа, а цените се движат од 60 до 200 долари.

Во ноември минатата година, раперот на својот Твитер профил напиша „Kање 2024“, навестувајќи ја кандидатураше за американски претседател. Тој веќе еднаш се кандидираше и успеа да освои само 60.000 гласа.

Албумот „Донда“ е еден од најслушаните на сите стрим-платформи деновиве.

Се појавија и гласини дека музичката корпорација „Јуниверзал мјузик груп“ го издала албумот неодамна, без дозвола на Кање. Од корпорацијата велат дека таа неговата изјава е бесмислена. Многумина се сомневаат дека се работи за „маркетинг-трик“.