На социјалните мрежи почна да се шири видео на кое се гледа како некој направил брз антиген тест (BAT) на портокал, а се покажал позитивен.
БАТ реагираше со две цртички што се покажаа како позитивен резултат. За време на тестот, „хемичар“ од регионот се заколнал дека „живата вистина“ е доведена во прашање. Тој во видеото дополнително објаснува што направил.
Портокалот го исцеди во чинија и тест стапчето го натопи со сок, подоцна го стави стапчето во вода, го затресе и го испушти на тестер, кој покажа позитивен резултат по 15 минути.
Вели и дека повторно пробал на лимон и портокал, но дека тестот бил негативен и смета дека првиот позитивен тест со портокали наводно бил поради некои хемиски реакции што се случуваат.
Дури и децата во Велика Британија прават ваков тип на тестирање, тие тестираат портокали за да добијат две цртички на тестот, па затоа се ослободуваат од училиште. И сето тоа може да се најде на социјалните мрежи.
Имунологот од Универзитетот во Риека, Златко Тробоњац, за регионалните медиуми изјави дека позитивен ковид тест е „невозможен“ на портокал.
„Можеби имало хемиска реакција бидејќи тестот сигурно не е наменет за тоа. Можеби тоа е начинот на анти-ваксерите и оние кои гледаат заговор во сè да ги исмеваат тестовите БАТ на овој начин. Слушнав многу такви приказни кои немаат врска со реалноста во ова за време на пандемијата. Тоа се апсурдни работи за кои не треба да се трошат зборови. Не гледам каква хемиска реакција би била на портокалите, на лимоните, или на еден портокал, а не на друг. Навистина ми изгледа апсурдно и треба да ги прашуваме тест-производителите како е тоа можно“, вели тој.
An Orange comes out positive to a covid Test pic.twitter.com/JH1sft65DK
— Amala C (@AmalaC10) January 13, 2022
