Кардашијан остро ги демантираше шпекулациите дека направила 12 пластични операции: Тврди дека на себе само ова го корегирала!

Неописливо го промени својот изглед од 2007 година!

Клои Кардашијан гостуваше во подкастот „Not Skinny But Not Fat“ „Chloe is“ и во таа прилика истакна дека направила само една естетска операција, а тоа е операција на носот, а покрај тоа и неколку третмани со ботокс.

Се вчитува...

-Многу ми пречеше кога луѓето велеа дека сум направила операција на лицето 12 пати. Бев навредена. Дури шпекулираа дека сум била на трансплантација на лице. Навистина ме интересира како дошле до тој заклучок. Можеби некогаш ќе се одлучам на тој чекор, во овој момент сум задоволна од својот изглед – изјавила Клои.

Таа истакна и дека не поднесува да ја споредуваат со нејзините сестри.

„Навистина ми е лошо да морам постојано да слушам лаги“, додаде таа.

Минатата година Кардашијан беше критикувана за неверојатна промена во изгледот. Без разлика што ја бојадиса косата сина и користи редовна класична шминка, нејзините следбеници мислат дека направила уште многу пластични операции, бидејќи драстично ослабела.