Македонскиот кардиолог Сашко Кедев бил дел од 24-члената експедиција која денеска, меѓу 8 и 9 часот по локално време во Пакистан го искачила вториот највисок врв на светот, К2.
Тие биле предводени од врвните шерпаси, и лидерот Мингма Џи, чие искачување е четврто по ред.
Според информациите, сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2.
Инаку, искачувањето на вториот највисок врв на светот се смета за многу потежок од искачувањето на првиот – Монт Еверест.