Поп ѕвездата Јелена Карлеуша често ги истакнува своите дневни комбинации кои предизвикуваат големо внимание во јавноста, а токму сега покажа и чевли кои се во тренд.
Карлеуша на својот Инстаграм профил објави видео преку кое ги претстави своите нови чевли со розова боја од познат моден бренд.
Необичните потпетици се од Италија, од најновата сезона на познат моден бренд, а чинат ситница, само 670 евра.
Со оглед на тоа колку дивата ЈК сака гардероба и чевли, не чуди ни фактот што токму овие чевли станаа дел од нејзината голема колекција.


