Битолчанката Каролина Гочева на социјалната мрежа Фејсбук сподели дека не се чуствува добро и дека најавениот голем концерт во Охрид ќе го одложи.
„Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но… од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона“, напиша Гочева на Фејсбук.
Таа додава дека мора да го одложи концертот кој требаше да се одржи в четврток во Охрид.
„Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен!“, додаде Гочева.
