Македонија

Касами за случајот со Зекири: Ме радува што Обвинителството презеде конкретни чекори

Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами денеска, по новинарско прашање околку покренувањето на истрага против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири, истакна дека му е драго што Обвинителството презело конкретни чекори.

Тој додава дека истото треба да се случи и со другите функционери, како што рече, од другите владејачки партии чии предмети се во фиоките.

„Посакувам органите на правдата да си ја вршат работата онака како што бараат граѓаните. Ме радува што во овој случај Обвинителството презеде конкретни чекори. Би сакал и другите функционери на други партии, делови од власта, обвинителството и органите да имаат иста мерка и ист пристап, како што имаме во многу други случаи“, рече Касами.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни