Македонија

Кастриот Реџепи се потпишал дури на 4 списоци за рушење на Владата, Николовски ги објави во емисија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ни е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва. Дебатираме на актуелната политичка ситуација, пропаднатото гласање за недоверба на владата и премислувањето на пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи околу гласањето недоверба.

Николоски во студиото на ТВ21 ги објави списоците и вели дека Реџепи се потпишал на 4 списоци, и дека зборувал против Владата и Заев.

„Кога се иницираше целата работа, идејата на пратениците на политичката партија БЕСА беше последни да се потпишат на списокот, а Реџепи да биде 61-иот. Толку многу зборуваше против Владата и Заев, и сакаше да биде 61-виот и ете е потпишан. Па се потпиша на четири списоци како 61-ви пратеник. Затоа што според него, владата требаше да падне. Па и тоа беше малку, зборуваше за некое интервју кое го дал меѓу двата изборни круга дека владата треба да падне“, рече Николоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни